Никој како него – Лазаров седми пат на Ф4 во Лигата на шампионите!

Легенда, крал, вечен, класа…сите епитети веќе се искористени кога е во прашање е капитенот и селектор на Македонија, Кире Лазаров.

Рекордерот по број на погодоци во најелитното натпреварување во Европа, со францускиот Нант го обезбеди својот седми настап на завршниот турнир во Келн.

Лазаров досега играше таму по еднаш со Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Нант, како и три пати со Барселона.

Македонскиот ас има една европска титула освоена со Барселона во сезоната 2014/15, a во јуни ќе има нова шанса.

Можни ривали на Нант во полуфиналето на Ф4 се Барса, ПСЖ и Алборг.