Николов и Начевски ќе чекаат шанса од позадина за Супер Глоуб

Светската ракометна федерација ги објави судиските двојки за претстојниот Супер Глоуб што ќе се игра во Саудиска Арабија.

ИХФ делегира 10 двојки и 2 дополнителни двојки, меѓу кои се и Македонците Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Најдобрата македонска судиска двојка, која со години е дел од европската и светска елита, би можела да биде дел од уште еден од големите ракометни настани.

Неофицијалното клупско светско првенство ќе се одржи од 18 до 23 октомври во Саудиска Арабија.

Таму ќе играат европскиот првак Барселона, потоа Магдебург, Келце, Бенфика…како и шампионите од другите континенти.