Николовски и Металари „главни“ во Полска

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за заостанатите натпревари од Лигата на Европа што ќе се одиграат следната недела.

Македонските судии Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе ја делат правдата на натпреварот во Плоцк меѓу Висла и шпанската Бидасоа Ирун. Делегат на овој дуел ќе биде Естонецот Ситси.

Средбата меѓу Висла Плоцк и Бидасоа ќе се игра на 16 декември со почеток во 20:45 часот.

Уште две заостанати средби добија термини. Фади Винтертур и Бидасоа ќе играат на 14 декември, истиот ден ќе се одигра и дуелот меѓу Савехоф и Магдебург, додека дополнително ќе се утврди терминот за средбата меѓу Фади Винтертур и Фуксе Берлин.