Никола Митревски е најдобар голман во СЕХА за октомври! (ВИДЕО)

Сосема заслужено, голманот на македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник – Никола Митревски, доби признание за одличните настапи.

Тој е прогласен за најдобар голман на месец октомври од страна на медиа тимот на регионалната СЕХА лига.

Митревски забележа 48 одбрани на дуелите против Веспрем, Мешков Брест и Загреб. Покрај него во ТОП 3 се Иван Мацкевич од Мешков и Морено Цар од Нексе.