Никола Карабатиќ – ракометна легенда и еден од најдобрите на сите времиња

Кога станува збор за најдобар ракометар на сите времиња една од првите асоцијации секогаш е Никола Карабатиќ. Синот на Хрват и Србинка, слободно може да се каже дека е жива легенда на светскиот ракомет.

Карабатиќ има освоено 14 медали од големите натпреварувања, а со прекинувањето на првенството во Франција поради коронавирусот стана шампион по 12-ти пат на земјата. Седум пати беше шампион со Монпелје, а останатите пет со сегашниот клуб ПСЖ. Со оваа титула изби на првото место како играч со најмногу трофеи во првенството на Франција.

Никола Карабатиќ има уште четири титули но како шампион на Германија додека настапуваше во Кил. Исто така има и две титули од Шпанија со Барселона. Вкупно, Французинот има освеоно 18 титули од националните првенства, три пати бил победник во Лигата на шампионите, два пати го освоил Супер глоб и уште 31 титула во разни купови.

Никола Карабатиќ три пати е прогласуван за најдобар играч во светот според ИХФ. Според овие бројки можеме да кажеме дека е играч кој остава траг засекогаш во светскиот ракомет и едноставно со еден збор легенда.