„Никогаш нема да го заборавам периодот додека играв во Вардар“

Поранешниот ракометар на Вардар, Александар Деревен и сегашен играч на руската ЦСКА Москва во интервју за клупскиот сајт говореше за неговите почетоци и како дошло до тоа посериозно да се занимава со ракомет.

Исто така Деревен нагласи дека никогаш нема да го заборави периодот од 2015 до на 2017 година додека настапуваше за Вардар и завршниот турнир во Келн каде што сите го сместиле Вардар на четвртото место уште пред почетокот на турнирот.

„Нашиот наставник по физичко образование го обожаваше ракометот, па затоа често игравме ракомет на неговите часови. Оние деца кои играа подобро беа поканети да играат за училишниот тим. Откако и јас стигнав таму, започнав да ја бранам честа на училиштето во градот, а потоа и на регионалните натпревари! И токму на овие турнири ме забележаа тренерите од ракометната спортска школа. На 15-годишна возраст не е лесно да одлучите да се оддалечите далеку од вашите родители и да започнете самостоен живот. Кога сте соочени со нешто непознато, секогаш е тешко. Но, сакав да се обидам да изградам кариера како професионален спортист, и преселбата во Чехов беше одлична шанса да започнам. Родителите ме поддржуваа, па сепак се согласив и се преселив во московскиот регион“, рече Деревен.

Со Вардар стигна до титулата европски шампион, но начинот до кој успеа да стигне екипата на завршниот турнир во Келн уште еднаш го објасни Деревен и повторно ја потенцираше улогата на тренерот Раул Гонзалес.

„Се разбира, никогаш нема да ги заборавам спомените додека играв за македонскиот Вардар. Кога пристигнавме на фајнл форот што се одржа во Келн многу новинари рекоа дека ова е нашиот плафон. Ние воопшто не знаевме како стигнавме таму. Во принцип, сите не сместија на четвртото место. Но, нашиот тренер рече дека го има најдобриот тим, и ние мора да ги победиме сите. Ова постојано ни го кажуваше! Буквално ни го всади во главата. И кога имате вистинска мотивација, станува полесно да се игра“ продолжи Деревен.

Исто така Деревен истакна дека со голема чест го носел националниот дрес на Русија и секој натпервар го доживувал максимално емотивно.

„Секој спортист сонува некогаш да ја брани честа на земјата на меѓународната сцена. Што се однесува до мене, сите натпревари што ги играв во дресот на руската репрезентација се посебни. Отсекогаш сум доживувал огромни емоции додека ја пеев химната! Во такви моменти, нешто се превртува во стомакот“, заврши Русинот.