Не се плашат од коронавирусот, Русинките на собир во ЕХФ неделата

Сите меѓународни натпреварувања се откажани, нема ракомет во ниту едно првенство, а исто така и олимписките квалификации и сите останати репрезентативни настани ќе почекаат да се среди состојбата со корона вирусот.

Сепак женската репрезентација на Русија во планираниот термин за репрезентативни собири на ЕХФ неделата ќе има собир и тренинзи. Во наредните седум дена Мартин Амброс ќе работи со слекцијата и тие ќе бидат единствени активни на терените.

„Ќе работиме наредните седум дена споредн планот. Со нас су неколку нови девојки и сакам да ги вклопам во екипата и да ги запознаам со она што се очекува од нив. Ситуациајта со корона ворусот го сруши календарот. Во Шпанија многи е тешка ситуацијата, многу луѓе се болни, умираат, но во Русија не е така. Се надевам дека домашното првенство ќе продолжи без проблеми. Ако биде така кога ќе се подобри ситуацијата многу ќе биде полесно и на репрезентацијата и на Ростов во Лигата на шампиони“, изјави Мартин Амброс.