Не се откажуваат сите: Две екипи од Бундес лигата потврдија, ќе играат во Лига на Европа

Откако неколку дена имаше постојано информации дека клубови се откажуваат од можноста за да играат во европските купови, конечно и две екипи од Бундес лигата потврдија дека ќе играат.

После Магдебург тоа го направи и тимот на Рајн Некар така што овие два состави ќе бидат и меѓу кандидатите за висок пласман.

„Ние се регистриравме за учество во Лигата на Европа. Се радуваме што ќе бидеме дел од премиерното издание на ова натпреварување“, вели претседателката на Рајн Некар, Џенифер Кетеман.

Таа потврдува дека и Рајн Некар не е во најдобра ситуација поради коронавирусот, но се надева дека ќе успеат да најдат начин за да ја издржат тешката сезона.