Не мрда од Москва: Сара Ристовска потпиша нов договор со ЦСКА!

Македонската репрезентативка Сара Ристовска го продолжи за уште една сезона договорот со руската ЦСКА Моксва.

Десното крило според новиот договор ќе остане во руската престолнина најмалку до летото 2024 година со што ќе комплетира пет сезони.

Таа дојде во ЦСКА Москва во 2019 година од словенечкиот Крим, и освои шампионска титула, Куп трофеј и Суперкуп трофеј на домашна сцена, а играше и на Ф4 во Лигата на шампионите.

„ЦСКА е големо семејство. Презадоволна сум што ќе продолжам да играм за оваа екипа. Сите заедно ќе се бориме за да оствариме добри резултати. Среќна сум во Москва. Овде запознав многу прекрасни луѓе, го научив јазикот, се чувствувам како дома. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите за поддршкаташто ни ја даваат од самиот почеток. Тие се неверојатни. Се надевам ќе продолжиме во истиот победнички ритам до крајот на сзона. Нашата цел е уште повеќе да се сплотиме, да го сочуваме духот и одличната атмосфера во екипата и да бидеме на врвот сега и следната сезона“, изјави Ристовска.

ЦСКА Москва оваа сезона не е дел од европските купови, а останува да се види дали ќе продолжат санкциите за руските клубови и во наредната сезона.