„Не можам да издржам во затворено, затоа не се враќам во тактовината“

Црногорецот кој настапува во Бундес лигата со Филип Талески во екипата на Балинген, Владан Липовина, не се врати во својата земја пред да бидат затворени границите и за време на пандемијата времето го поминува во Германија.

Една од причините поради која некогашниот член на Металург одлучил да остане во земјата каде што заработува е и тоа што таму нема карантин и слободно може да се излегува надвор за разлика од тоа доколку се врати во Црна Гора.

„Не морав да останам во Германија, а доста соиграчи си заминаа. Сите велат дека лигата нема да продолжи, но засега не ми се враќа дома затао што би морал да бидам во карантин 14 дена и плус 14 во домашна изолација. Не можам да издржам во затворено затоа ми е подобро да останам овде. Можам да излегувам, да трчам, да возам велосипед, а и девојката ми е тука која дојде на гости и остана заробена“, рече Липовина за „MNE Rukomet“.

Голем број на клубови во Бундес лигата најавуваат тешки денови како резултат на коронавирусот, но десниот бек на Балинген смета дека ништо посебно нема да биде сменето откако ќе заврши кризата. А се што се зборува е со причина за да се привлечат спонзори.

„Мислам дека повеќе се зборува за да се привлечат спонзори, платите ни се намалени за 30 проценти. Сите ние сме вработени во клубовите и имаме права, државата покрива 60 проценти од платите, а останатата минимална сума ја доплаќа клубот, така да немаат толку големи трошоци.“, објасни Липовина.