„Не знам кој ден е, кој месец и кое годишно време…сè стана неважно откако не играм ракомет“ (ВИДЕО)

Прославениот руски ракометар Константин Игропуло објави дека ја завршува својата богата ракометна кариера.

Игропуло во кариерата настапуваше во повеќе клубови меѓу кои се Чеховски Медведи, Барселона и Фуксе Берлин.

Тој со необична видео порака и песна на интересен, оригинален начин се збогува со фановите.

„Не знам кој ден во неделата е, кој ден од месецот, па дури и времето во годината – сè стана апсолутно неважно кога престанав да играм ракомет. Да бидам искрен, не сакам да ја завршам кариерата, но моето здравје не ми дозволува да продолжам да се занимавам со професионален спорт. Денес сум отворен решив да кажам дека ова е крајот. Не сакам да бидам лицемерен и да кажам дека лесно ми е да го прифатам овој факт. Но, одлуката е донесена, повеќе нема да играм“ рече Игропуло за „Брз Центар“.

Како што вели Русинот, пандемијата има голема улога во неговата одлука, а дека таа е вистинската потрдува и распоредот од новата сезона кој е многу густ и тој не може да го издржи во ваква состојба.

Главна придобивка од ракометот според десниот бек е стекнувањето на многу познаници и пријатели. Игропуло има освоено трофеи во руското првенство, германското и во Лигата на шампионите.

Во продолжение видеото на Игропуло со кое озанчува крај на кариерата.