НЕ Е ШЕГА: Ракометот на снег станува олимписки спорт? (ВИДЕО)

Откако ракометот на плажа веројатно ќе добие место на Летните Олимписки игри, заедно со ракометот во сала, кој одамна е олимписки спорт, и трет спорт поврзан со ракомет  би можел да стане дел од најголемиот спортски настан.

Станува збор за ракометот на снег, кој првпат се појави во Аргентина во 2013 година, а од ИХФ е најавено барањето овој спорт да биде вклучен во Зимските Олимписки игри.

Во текот на летната пауза од ракометот во сала, може да се игра ракомет на плажа, додека за време на зимската пауза, може да се игра ракомет на снег.

Правилата се исти како во ракометот на плажа, само подлогата и „дресовите“ се различни. Погледнете како изгледа ракомет на снег…