Несудениот вардарец се врати во Чеховски Медведи!

Димитриј Сантолов неодамна го напушти Мешков Брест, а сега потпиша договор со Чеховски Медведи. Несудениот Вардарец се обврза на соработка со својот поранешен клуб до 2024 година.

Санталов во првата изјава по враќањето во Чеховски Медведи потврди дека на вакво нешто размислувал од самиот почеток кога му завршил договорот со Мешков.

„Мојот договор со Мешков заврши и од почетокот размислував за опцијата да се вратам тука. Долго време преговаравме. Секогаш имав доверба во овој клуб, ова е мојот втор дом. Постоеа повеќе фактори кои беа причината за ваквата одлука“.

Верува дека тимот е променет на подобро.

„Според мене постои подобрување, тука се ми е драго, а како што знаете кога се враќате дома секогаш ви изгледа како ништо да не се променило затоа тешко ми е да проценам“, изјави Санталов.

Дресот на Чеховски Медведи Санталов го носеше шест сезони од 2014 до 2020 година кога се пресели во Мешков. Инаку, ќе потсетиме  Санталов беше блиску до Вардар, трансферот практично беше договорен, но на крајот тој пропадна па Русинот продолжи во Мешков.