Неочекуван пораз на Фленсбург, може да го чини титула во Бундес лигата

Продолжува мртвата трка за шампионската титула во Бундес лигата. Најголемите ривали сезонава Кил и Фленсбург уште една ги променија позициите на врвот на табелата.

Фленсбург беше домаќин на Фуксе Берлин во 35. коло и беше неочекувано поразен со 29:32, што многу веројатно ќе ги чини титула на крајот на првенството. Домашниот тим имаше водство на полувреме со 15:14, но во продолжението „лисиците“ направија пресврт и изненадување.

Оваа шанса не пропушти да ја искористи Кил кој немаше проблеми со Гепинген и славеше 31:23. Со овој триумф Кил повторно се врати на врвот на табелата и до крај на првенството се зависи од нив.

На три кола до крај Кил е на прво место со 63 бода, веднаш зад него е Фленсбург со еден помалку. Во следното коло двете екипи би требало да имаат лесна задача бидејќи гостуваат кај екипите од дното на табелата. Кил гостува кај Лудвигсхафен, а Фленсбург кај Нордхорн.

Филип Кузмановски со Хановер оствари сигурна победа на гостувањето кај Мелсунген со 20:28, а средниот бек на македонската репрезентација беше дел од својот тим но не усепа да се запише во листата на стрелците.