Нема шега со Астраион, победнички и во Штип

Лидерот во Групата 1 од Првата машка лига и веќе патник во плеј-офот, Астраион од Струмица продолжува со одличните игри, а новата победа беше обезбедена против составот на Текстилец со 33:23.

Гостите тргнаа одлично од првата минута на дуелот во Штип и брзо поведоа со 3:0. Овие три погодоци постојано се зголемуваа така што немаше никаков проблем за да се издржи целото прво полувреме со убедливо водство.

Вториот дел беше формалност, па трите бода за Астраион само беа потврдени со триумф од 33:23.  Со тоа Астраион само го зацврсти првото место кое напролет ќе треба и да го задржи, а не би требало да има проблеми бидејќи е на плус четири од второпласираниот Прилеп.

ТЕКСТИЛЕЦ – АСТРАИОН           23:33 (6:13)

Сала: ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Гледачи: 100. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

ТЕКСТИЛЕЦ: Миланов, Атанасов, Петров, Ристов 5, Трајков 3, Јовановски 4, Митрев 5, Сичков 4, Стојменов 1, Трајчев 1.

Седмерци: 1/4, Исклучувања: 6 мин.

АСТРАИОН: Перовановиќ, Димовски, М. Караиванов 5, Наков 5, Котевски, Велков 3, Катранџиев 4, Спасов 3, Гоџиров, Касапов 2, Рингов 2, Кочев 1, Ефтимов 1, Ончев 6, Бонев 1.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 12 мин.