Нема промена на кормилото: Кристијан Прокоп останува селектор на Германија

Репрезентацијата на Германија загуби од Хрватска во клучниот натпревар на ЕП за пласман во полуфиналето и сега ќе се бори за петата позиција против Португалија.

Овој резултат во јавноста го Германија се смета  за неуспех и веќе започнаа да се слушаат гласини дека Прокоп ќе биде сменет. За да ги прекине овие шпекулации спортскиот директор на ракометниот сојуз на Германија, Аксел Кромер даде официјална изјава.

„Како официјален претставник на организацијата сакам да кажам дека немаме размислување за тоа кој селектор ќе продолжи да ја води репрезентацијата. Без сомнение екипата на Олимписките квлалификации ќе биде предводена од Кристијан Прокоп. Исто така сакам да додадам декка има доста позитивни коментари од нашите ракометари и дека не е прифатлива никаква дискусија за односите на тренерот со играчите во тимот“, изјави АКсел Кромер.

Потпретседателот на федерацијата на Германија додаде.

„Нема проблеми помеѓу тренерот и тимот, тие заедно имаат големи планови за иднината“; прокометира кратко Боб Ханинг.