Нема крај на заразените во Рајн Некар, уште еден играч позитивен на коронавирус

Бројот на заразени ракометари со коронавирусот во тимот на Рајн Некар продолжува да расте, а ново име е Тим Ганц.

Тој е осмиот ракометар кој се најде на овој список на заразени откако пред него таму се најдоа и Мадс Менса Ларсен, Јаник Колбахер, Гедеон Гвардиола, Михаел Апелгрин, Патрик Грецки, Јеспер Нилсен и тренерот Мартин Швалб.

Ова е веќе цела колонија на заболени во тимот на Рајн Некар и ова е најпогодениот состав во Бундес лигата. Секојдневно се појавува по еден нов играч така што прашање е што ќе се случува со другите ракометари кои се дел од оваа екипа.