Нема дуел Кузмановски – Томовски, Хановер оди во самоизолација!

Денешната средба од Бундеслигата помеѓу екипите на Хановер и Лудвигсхафен е одложена поради позитивен тест на еден ракометар на ковид-19 во составот на Хановер.

Целиот тим на Филип Кузмановски ќе оди во самоизолација по консултациите со здравствените власти во Хановер.

Тоа значи дека двобојот помеѓу репрезентативците на Македонија, Филип Кузмановски од Хановер и Мартин Томовски член на Лудвигсхафен, ќе биде поместен за некоја следна прилика.

Натпреварот беше закажан за денес со почеток од 19:00 часот, а ракометната федерација на Германија ќе одреди дополнителен термин за одигрување на веќе откажаниот дуел.