Немаа репрезентација 12 години, ама ќе играат квалификации за ЕП во Македонија

Женската репрезентација на БиХ веќе 12 години ја немаше на ракометната мапа. Голем дел на квалитетни ракометарки од БиХ решија да го носат националниот дрес на друга држава.

Таков пример беше со ракометарката на Мец, Ќамила Мичијевиќ. Популарната „Чана без мана“ се реши да го облече дресот на репрезентацијата на Хрватска и да го освои најголемиот успех во својата кариера, трето место на Европското првенство 2020.

Наредната недела, раководството на Ракометниот сојуз на БиХ за женски ракомет треба да донесе одлука околу новиот селектор на репрезентацијата. Селекторот ќе има тешка задача да состави квалитетен ростер на ракометарки.

Во текот на месец март треба да биде првата прозивка на репрезентацијата, а во април и подготовките за квалификациите за Европското првенство 2022 година.

Фактот дека женската селекција на БиХ ќе игра официјален натпревар после 12 години пауза, пробуди надеж кај некои ракометарки од државата кои настапуваат низ европските клубови.

Во план се неколку интернационалки кои настапуваат во Австрија, Швајцарија и Германија да играат за дресот на нивната земја. Раководството прави напори да обезбеди што поголем ростер со квалитетни ракометарки, a првиот предизвик ќе им бидат квалификациите за ЕП во Македонија, Словенија и Црна Гора.