Нексе тргна со победа, најави голема борба со Вардар во СЕХА

Противникот на Вардар во четврт-финалето од СЕХА-лигата, Нексе стартуваше со одигрување на контролни натпревари. На средбата против Горење тимот од Нашице забележа победа од 25:23.

Ова беше старт на контролите со оглед на тоа што досега главно се тренираше. Kонечно и можност да се види до каде е екипата со формата, па вардарци ќе мора добро да се подготват за реваншот во СЕХА бидејќи ќе треба да го одбранат голот предност од првиот дуел одигран уште во март од 31:30.

Победата значи дека во Нексе се работело добро и дека сезонава ќе бидат исто така добри како и лани.