Нексе не дава бодови во Нашице, лесно до триумф на првиот дуел со Бешикташ

Ракометарите на Нексе продолжуваат со одличните игри на домашен терен и веќе дојдоа до втора победа во кратко време во Лигата на Европа откако денеска го надиграа тимот на Бешикташ со 32:26.

Нексе имаше повеќе од играта во текот на целата средба и беше фаворит за победа уште пред почетокот на средбата.

Бешикташ не е веќе на нивото од минатите години и не беше така сериозна пречка за тимот од Нашице. Уште во првото полувреме беше јасно кој ќе дојде до победа бидејќи Нексе имаше 18:13 и овие плус пет само беа зачувани и зголемени до 32:26.

Поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац беше прв стрелец на средбата со осум погодоци, додека во редовите на Бешикташ најефикасен беше Рамазан Доне со седум гола.

Овие две екипи ќе играат и утре исто така во Нашице од 18:45 часот.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Ц

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1НЕКСЕ1080216
2СПОРТИНГ1070314
3ГРАНОЛЕРС960312
4СКЕРН1050510
5АЛПЛА101274
6БАЛАТОНФУРЕДИ101183