Нексе донесе нов бек – формира дуо од екс металурзи на десната страна

Поранешниот ракометар на Металург, Предраг Вејин во новата сезона се враќа на Балканот, но овој пат има нова средина, а тоа е хрватскиот тим Нексе.

Вејин лани дојде во Висла Плоцк, потпиша договор на само една сезона и очигледно е дека не ги задоволи во целост вкусовите на раководството.

Повремениот српски репрезентативец се договори со Нексе на двегодишна соработка. Србинот игра на позиција десен бек, а моментално во Нашице на таа позиција играат уште еден екс член на Металург, Марко Бувиниќ, како и Матео Родин.

Во својата кариера, Вејин го носеше дресот на Металопластика, Железничар Ниш, Данкерк, Адемар Леон и Рамат Хашарон. Во екипата на Металург одигра само една полусезона и потоа замина за Адемар Леон.