Некогаш најдобриот стрелец на Металург издржа само шест месеци во Загреб

Најдобриот стрелец на Металург во минатата сезона Александер Шпенде, направи трансфер во хрватскиот шампион Загреб, но се чини дека погреши во одлуката.

Словенечкиот лев бек не добиваше голема шанса за настап, на некои од натпреварите не ни беше во ростерот, па реши веднаш да си побара нова средина.

Згора на се, нов член на Загреб стана Милош Божовиќ, па Шпенде сфати дека за него ќе нема место во редовите на „плинарите“.

Негова нова дестинација ќе биде швајцарскиот тим Базел, а заедно со него во овој клуб се пресели и босанскиот интернационалец од Гепинген, Срѓан Предраговиќ.