Некогашниот вардарец почнува тренерска кариера

Некогашниот лев бек на Вардар, Александар Деревен, вчера објави дека ќе ја заврши кариерата на 29 години.

Малерите со повреди, кои го следеа уште од Скопје, како и по враќањето во татковината каде ги носеше дресовите на Чеховски Медведи и ЦСКА Москва, е главната причина што Деревен реши да каже крај.

Сепак тој нема комплетно да се повлече од ракометот и започнува тренерска кариера во помладите категории во ЦСКА Москва.

„Ракометот многу ми значи. Преку него се запознав со мојата сопруга, со многу одлични луѓе, пријатели. Но дојде време да ја завршам кариерата. Им благодарам на сите клубови за кои играв, играчите со кои делев терен, тренерите кои ме научија многу. Големо благодарам и за навивачите. Ние играме за нив. Јас нема да играм, ама ќе останам во ракометот и ќе го делам моето знаење со младите ракометари“, вели Деревен.

Тој беше дел од шампионската генерација на Вардар што ја освои титулата во 2017 година во Келн.