Некогашна членка на Кометал ЃП се раздели со клубот

Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Наталија Дерепаско, повеќе не е тренер на кинескиот клуб Феникс, кој се натпреварува во шампионатот на Русија.

Дерепаско во јуни минатата година седна на клупата на Феникс, потоа во ноември истата година стана селектор на женската репрезентација на Кина.

Во својот дебитански настап како селектор успеа со Кина да обезбеди пласман на Светското првенство 2023, кое ќе се одржува во Данска, Норвешка и Шведска.

Феникс регуларниот дел од рускиот шампионат го заврши на 10. позиција, по што следуваше преселба во плеј-аут фазата.

Дерепаско го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров од 1995 до 1997 година. Од Македонија е пресели во словенечкиот Крим, каде што играше 11 сезони. Откако ја заврши играчката кариера започна тренерска, беше асистент, а лани доби шанса и како прв тренер да го води Крим.

Со доаѓањето на Драган Аџиќ, немаше место за неа во Крим, па се пресели во Русија.