Некогашната вардарка се враќа поблиску до дома – Лекиќ пред потпис со Будуќност?!

Српската репрезентативка Андреа Лекиќ, која во моментов е член на ЧСМ Букурешт, се чини дека нема да го продолжи својот престој во романската метропола и по две години ќе ја промени средината.

Лекиќ сезонава ја одработува втората сезона од договорот со ЧСМ, а досега не е најавено продолжување на соработка, па се погласни се шпекулациите дека таа е на чекор до потпис со црногорската Будуќност.

Средниот бек пет сезони беше член на Вардар, а доколку се пресели во Подгорица, таму ќе игра со уште три поранешни членки на македонскиот тим – Јованка Радичевиќ, Барбара Лазовиќ и Сања Дамњановиќ.

Пред да дојде во Вардар, 32-годишната Лекиќ со успех ги носеше дресовите на унгарскиот Ѓер, претходно и на словенечкиот Крим, како и нa српските ОРК Београд и Књаз Милош Аранѓеловац.