Некогашен тренер на Вардар и македонски селектор го презема Израел

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ во новата сезона ќе има нов предизвик во богатата и успешна кариера.

Ракометната федерација на Израел објави дека Ѓукиќ е нивниот нов селектор, што ќе претставува враќање на оваа клупа по седум години.

Тој го водеше Израел од 2012 до 2015 година, а беше предводник на Црна Гора, Велика Британија, Јордан и Швајцарија.

Освен во национални селекции работеше и во многу клубови меѓу кои Вардар, Татабања, Мадеира, ПИК Сегед, ЧСМ Букурешт, Макаби Тел Авив, Одорхеи…

Прв предизвик за Ѓукиќ со селекцијата на Израел ќе бидат квалификациите за ЕП 2024 година, каде за ривали ќе ги имаат Чешка, Исланд и Естонија.