Некогашен ракометар на Куманово во стручниот штаб на српскиот селектор Херона

Шпанскиот стратег Тони Херона, кој пред неколку месеци седна на клупата на српската репрезентација веќе го формираше стручниот штаб.

Помошници на Херона, ќе му бидат некогашниот ракометар на Куманово а сегашен страгег на Црвена Ѕвезда – Жикица Милосављевиќ, како и тренерот на Војводина – Борис Ројевиќ.

За голманите ќе се грижи некогашниот чувар на мрежата Димитрије Пејановиќ, а за кондицијата на ракометарите ќе се грижи Предраг Рајковиќ.

„Многу е важно да имате луѓе како Жикица и Димитрије во стручниот штаб. Тие знаат како функционира репрезентацијата, знаат како дише соблекувалната, имаат искуство од големи натпреварувања, па нивното знаење и искуство ќе бидат многу корисни“, изјави Херона.

Србија нема да игра на Мундијалот во Египет, па прва обврска за новиот селектор ќе бидат квалификациите за пласман на Европското првенство против Франција, Грција и Белгија.