Неизвесност од почеток до крај, Борец го победи Кичево со седмерец во последната секунда

Во рамки од Плеј-Аутот во првата лига Борец во драматичен и незивесен натпревар успеа да слави на гости кај Кичево со 31:32. Драматичниот дуел беше одлучен со седмерец во самата завршница.

Почетокот на натпреварот беше најава за она што следуваше во преостанатите минути во кои гледавме целосно неизвесен натпревар до самиот крај. Се играше „гол за гол“ возвраќаа и едните и другите, а се до средината на првиот дел ниту една од екипите немаше направено поголема предност од еден гол разлика. За првпат со два разлика поведоа гостите од Велесе со 8:10.

Не дозволија домаќините Борец да се одлепи брзо се вратија, па на полувреме се замина со нерешен резултат 14:14. Истата игра во која ниту една екипа не можеше да се „одлепи“ продолжи и во второто полувреме. За првпат три разлика видовме кога Кичево поведе со 27:24.

И оваа предност не траеше долго, Борец се врати изедначи на 29:29. Па во последните минути влезе и со предност од еден разлика (29:30). Ја продолжи Борец серијата и до 4:0, па по подолго време тие го вратија водството од два разлика. Изедначи Кичево одново, но на крајот изгуби со гол од седмерец во последната секунда.

Најефикасен во редовите на Кичево беше Димитар Минов со 12 гола, а одлична поддршка му беше и Лазар Стојанов кој постигна осум. Во редовите на домаќините Мојсие Тасески постигна седум гола, а Смилески Кристијан и Миричевски Александар по шест.