Недановски: Вардар ќе биде уште подобар

Македонскиот шампион Вардар славеше против Татран Прешов со 29-24 во натпревар од третото коло во регионалната СЕХА лига, дивизија „Југ“.

Тренерот Владо Недановски, кој не сметаше на овој натпревар на капитенот Стоилов, и Манасков, кој влегуваше само за пенали, вели дека Вардар ќе биде уште подобар.

„Одигравме натпревар во одличен амбиент. Од првиот натпревар со Татран денес беше поразлично ни недостигаа играчи на Вардар кои се искусни и знаат да играат на вакви натпревари, но задоволен сум што не почуствувавме дека ни недостигаат. Младите играчи беа на завидно ниво и одигравме добар натпревар. Немавме ниту еден натпревар пред Партизан и Татран, за денешниот натпревар анализиравме, имавме време да се подготвиме. Имаше грешки на моменти, но знаевме што сакаме да играме во нападот. Тие го немаа расположениот голман од првиот натпревар, не промашивме многу зицери и денес бевме максимално концентрирани. Вардар ке биде уште подобар кога ќе се вратат искусните играчи“, вели Недановски.

Следен предизвик Вардар ќе има в понеделник, кога ќе го одигра натпреварот против Пролет од суперлигашкиот плеј-оф.