Недановски: Бутел е сериозен тим, но ние сме подготвени за секој предизвик

По двата триумфи на почетокот на плеј-офот, во третото коло Вардар во петок од 18:30 часот повторно дочекува градски ривал, екипата на Бутел.

Вардар гостуваше во Охрид во претходното коло и во дерби дуел победи со 27-23, а Бутел загуби дома од Еурофарм Пелистер 2 со пресврт во последните минути, иако скопјани имаа и предност од „плус 6“.

Тренерот на Вардар, Владо Недановски е претпазлив за дуелот со Бутел.

„Секој меч е посебен, и меч за себе. Кога играат против Вардар сите се мотивирани. Затоа ние сме постојано подготвени за секој предизвик. Играме ден порано за да можеме да имаме потоа ден одмор, и плус уште два дена плус за подготовки за следниот меч од СЕХА лигата против Партизан.
Бутел е сериозне тим, каде има и и млади и искусни ракометари. Знаат добро да играат и тоа го покажаа и во првиот дел од сезоната. Ние направивме анализа и секако сме подготвени, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.

Сезонава во меѓусебните дуели „црвено-црните“ двапати победија, во „Јане Сандански“ со 30-21, а на гости со 26-23.

По двете одиграни кола Вардар е лидер на табелата со 9 бодови, а Бутел е последен со само 1 бод.