Неготинци под полна пареа и комплетни: Ангелов се врати на тренинзи (ФОТО)

Екипата на Вардар Неготино најавува кандидатура за висок пласман во новата сезона од Првата машка лига, а тимот е веќе комплетен така што тренерот Аце Станковски на тренинзите го има и искусниот голман Петар Ангелов.

Новиот голман на неготинци имаше повреда, но сега таа е санирана и тој може одново да работи под максимален интензитет така што тимот ќе стартува во комплетен состав во новата сезона.

До крајот на оваа седмица следуваат две контроли на кои тимот на Вардар Неготино ќе одигра против Радовиш така што екипата ќе биде подготвена за новата сезона.

Инаку, тренерот Аце Станковски има наметнато одличен ритам на работа на тренинзите бидејќи се тренира секој ден по двапати, а формата постојано се крева на сè повисоко ниво. Со тимот работи и кондицискиот тренер Горан Стоjaновски.