Неверојатен камбек – Аеродром од минус осум успеа да избегне пораз

Ракометарите на Металург РА и Аеродром одиграа интересен нато пропревар на кој гостинската екипа имаше неверојатно враќање од негатива од осум гола и успеа да освои бод откако дуелот заврши 28:28.

Домашниот тим имаше добар почеток и лесно го контролираше резултатот и играта. После почетните 3:0 и 6:1 за Металург РА, до крајот на првото полувреме Аеродром успеа да ја намали негативата.

Но тимот од Автокоманда продолжи со ефикасна игра и на полувремето имаше огромна позитива од 20:13 која им ветуваше бодови од овој меч. Сепак завршницата донесе возбудувања и големо враќање на Аеродром од минус осум до освојување на бод.

Најефикасен во екипата на Металург РА беше Филип Николов со осум погодоци, а пет гола постигна Филип Петровски. Во составот на Аеродром и на натпреварот најефикасни беа Митревски и Ефтимов со по девет гола.