Неагу го спаси ЧСМ Букурешт од пораз, Ѓер убедлив во Турција

Денес со три натпревари во Лигата на шампионите кај дамите беше комплетирано 13. коло, а до крајот од регуларниот дел останува да се одигра уште едно коло, по кое ќе бидат познати сите патници во осминафиналето.

Како што е веќе познато, од групата А директен пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на ЧСМ Букурешт и Вајперс Кристијансад, додека од втората група сигурен патник меѓу најдобрите осум екипи е Мец.

Екипата на ЧСМ Букурешт и покрај тоа што има обезбедено пласман во четвртфиналето, денес не дозволи Брест Бретањ да си замине со цел плен од романската престолнина, откако една од најдобрите ракометарки на светот Кристина Неагу со гол во последната секунда му донесе реми на својот тим, 30:30.

Неагу дуелот против францускиот тим го заврши со девет погодоци, додека втор стрелец во редовите на ЧСМ Букурешт беше екс ракометарката на Вардар, Сираба Дембеле, која во мрежата на гостите погоди пет пати. Кај Брест Бретањ се истакнаа репрезентативките на Црна Гора, Ѓурѓина Јауковиќ со осум и Татјана Брновиќ со шест погодоци.

Унгарскиот гигант Ѓер на гостувањето во Турција кај екипата на Кастамону забележа убедлива победа со 39:27 и остана во игра за втората позиција во групата Б, која што носи директен пласман во четвртфиналето.

ЛИГА НА ШАМПИOНИ, 13. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАД – КРИМ 36:31 (20:15)

ФЕРЕНЦВАРОШ – БИТИГХАЈМ 28:23 (10:12)

ЧСМ БУКУРЕШТ – БРЕСТ БРЕТАЊ 30:30 (15:18)

БАЊИК МОСТ – ОДЕНСЕ 19:37 (10:16)

ГРУПА Б

ЕСБЈЕРГ – БУДУЌНОСТ 30:20 (15:19)

МЕЦ – РАПИД БУКУРЕШТ 36:34 (20:17)

ЛОК. ЗАГРЕБ – СТОРХАМАР 22:31 (12:17)

КАСТАМОНУ – ЃЕР 27:39 (12:16)

Во рамки од Лига на Европа беше комплетирано 4. коло од групната фаза, во кое хрватскиот вицепрвак Подравка запиша нов пораз. Избраничките на Жељко Бабиќ на домашен терен беа поразени од дански Никобинг со 29:24.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 4. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – БЕЗАНСОН 31:21 (16:8)

МОЛДЕ – ШИОФОК 29:32 (14:20)

ГРУПА Б

НАНТ – ФАНА 29:21 (14:12)

ИКАСТ – МОШИНМАЃАРОВАР 28:26 (15:13)

ГРУПА Ц

ПОДРАВКА – НИКОБИНГ 24:29 (11:16)

ДЕБРЕЦЕН – СОЛА 25:21 (13:13)

ГРУПА Д

ПАРИЗ – ВАЦ 26:24 (12:15)

ВАЛЧЕА – ТУРИНГЕР 32:32 (16:17)