На шопинг во Кавадарци: Вардар Неготино договори две засилувања

Прволигашот Вардар Неготино, кој заедно со Аеродром, ќе бидат главни фаворити за врвот во Првата лига и место во елитата, се активираше на трансфер пазарот.

Раководоството на Вардар Неготино, тимот кој од септември ќе игра во реновирана сала „Младост“, ги договори првите засилувања пред новата сезона.

Станува збор за 17-годишниот лев бек Лазар Стојанов, кој минатата година беше меѓу најдобрите стрелци во Борец Велес и за пикерот на Тиквеш од Кавадарци, Петре Пеовски.

Од минатата сезона би требало да останат најголемиот дел од ракометарите, а следната седмица ќе бидат познати и новите засилувања во походот кон Суперлига.