На Фарски острови задоволни од Борче Марковски, останува и следната сезона

Стратегот од Македонија кој работи на Фарските острови, Борче Марковски доби нов договор и останува на клупата на СТИФ и во следната сзона.

Битолчанецот Марковски веќе има над 25 години тренерска кариера, а тој е и еден од оние тренери кои поседуваат мастер лиценца. Долговреме беше во женскиот ракомет, но сега работите се сменија, па на Фарски острови работи во машка екипа.

Од клубот информираат дека се задоволни од неговата работа така што oсатанува на клупата на сениорскиот сосав на СТИФ, а покрај тоа под негова контрола се и младинските тимови.

Марковски во Мaкедонија долго време беше тренер на женската екипа на Пелистер, а покрај тоа работеше и во машките тимови на Пелистер и Преспа. Беше дел и од женската јуниорска репрезентација на Македонија, а беше и еден од тренерите на кампот на Кире Лазаров.