На Стефан Трпчевски му тргна одлично во Финска

Македонскиот интернационалец Стефан Трпчевски веќе одигра три натпревари за финскиот шампион БК-46.

Овој тим се пласираше на завршниот турнир во Купот на Финска, откако во четвртфиналниот двобој го победи АИФК со 42-26, а Трпчевски даде осум погодоци.

БК-46 славеше над истиот ривал, но во дуел од шампионатот со 38-26, а нашиот десен бек не играше многу и беше стрелец на два гола.

Следен предизвик за Трпчевски и БК-46 ќе биде домашниот двобој со тимот на Сјундеа ИФ, каде играат уште дваjца македонски интернационалци, Трајковски и Чурлевски.