На Нант тешко му оди без Лазаров, францускиот тим ќе брка сензација за Ф4

Денеска се играат реванш четвртфиналните натпревари од Лигата на Европа во машка конкуренција, а најинтересно би требало да биде во Магдебург.

Таму домашниот тим ќе игра со Нант. Францускиот тим со негатива од три гола отпатува во Германија, згора на се без нашиот Кире Лазаров, кој е повреден и без тренерот Алберто Ентрериос.

Нант загуби дома со 25-28 од Магдебург, но германскиот тим покажува слабости во финишот на сезоната, па гостите ќе се обидат да стигнат до сензација.

Нексе има пет гола залиха со Гог (32-27), Бенфика исто така е сигурна во Велење со плус седум од првиот меч (36-29), додека Висла Плоцк со стартна предност го чека Кадетен (33-31).