„На Македонија и фалам јас, Манасков, Маркоски…Црногорците повеќе ја посакуваа победата“

Репрезентацијата на Македонија одигра слаб натпревар со многу грешки особено во финишот и загуби на вториот натпревар на Европското првенство од Црна Гора со 24:28.

Селекторот Кире Лазаров после натперварот го прокоментира изданието на своите играчи и противникот и истакна дека противникот повеќе ја посакувал победата на овој натпревар.

„Разочаран сум од овој натпревар, верував дека можеме да ја изненадиме Црна Гора. Тие имаат поискусен тим од нас, нашите играчи се претежно многу млади со неколку искусни какао Митревски и Миркуловски кој пристигна во последен момент. Во текот на последните десет дена имавме многу проблеми, во последен момент дознавме дека капитенот Стоилов нема да игра. Ни недостасуваат многу ракометари кои се клучни играчи како мене, Дејан Манасков, Никола Маркоски и покрај сите овие проблеми е многу тешко да се победи во овој одлучувачки натпервар. Верував дека можеме да победиме, но ситацијата е каква што е. Имаме уште многу работа, имаме многу таленти и покажаа дека можат против Словенија, но на овој натпревар се блокираа. Црна Гора повеќе ја сакаше победата од нас“, рече Лазаров.

Во последното трето коло Македонија за протовник ќе има уште поголем предизвик кога за противник ќе го има светскиот шампион Данска. Натрпеварот се игра во понеделник со почеток во 20:30 часот.