На Кристопанс за малку му побегна титулата СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА во Летонија

Десниот бек на Вардар, Даинис Кристопанс, заедно со уште двајца летонски спортисти влезе во потесен избор за титулата Спортист на годината во неговата држава, но на крајот заврши на второто место.

Титулата ја понесе скелетонистот Јонас Паулс, додека на третото место заврши мотоциклистот Каспарс Ступелис по гласовите со СМС.

Сепак ако е за утеха, ракометната репрезентација е прогласена за најдобра машка селекција во Летонија за 2019, што е сосема разбирливо со оглед на обезбедениот пласман на Европското првенство.