На екс вардарецот му се погоди во Шведска – Кугис потпиша договор до 2023 година

Летонскиот репрезентативен голман Артурс Кугис и во следните две сезони ќе го носи дресот на шведскиот тим Варберг.

По една сезона во Вардар, Кугис си замина од Скопје, иако и клубот и тој имаа поголеми очекувања од неговиот престој, но се чини дека Шведска е вистинскиот избор за него.

„Јас и моето семејсттво се чувствуваме добредојдени и уживаме уште од првиот ден кога пристигнавме во Варберг. За мене, најважно е тоа, па можам да си ја работам мирно мојата работа и да го дадам најдоброто од мене. Друга важна работа се плановите и амбициите на Варберг, и јас сакам да бидам дел од визијата на клубот“, вели Кугис.

На Варберг баш не му оди најдобро оваа сезона и по 22 одиграни меча се наоѓа на 13 позиција што не носи опстанок во најсилната конкуренција во Шведска.