На две недели до дуелот со Македонија – корона „влезе“ и кај Данците!

Откако коронавирусот „влезе“ кај Црна Гора пред Нова Година, сега го „нападна“ и вториот ривал на Македонија на Европското првенство – селекцијата на Данска.

Данците вчера ги започнаа подготовките за настапот на ЕП, а денеска добија резултати од ПЦР тестовите. Еден од нив беше позитивен – на голманот Јаник Грин.

Тој веќе се наоѓа во изолација, а останатите ќе продолжат со тренинзи. Ова значи дека Грин тешко ќе може да настапи за Данска, барем не во првата фаза од континенталниот собир.

Но селекторот Николај Јакобсен нема да има премногу грижи со оглед на тоа што тука се Нииклас Ландин и Кевин Мелер, а може да го повика и Емил Нилсен од Нант.

Данска пред настапот на ЕП два пати ќе тестира со Норвешка, на 6 и 8 јануари, додека натпреварот со Македонија е на 17 јануари во „Феникс Арена“ во Дебрецин.