Најубавите голови и одбрани од Ф4 турнирот во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Екипата на Магдебург дојде до трофејот во Лигата на Европа откако во финалето го совлада составот на Фуксе Берлин.

Со ова заврши сезоната во ова натпреварување во кое во групната фаза настапуваа и екипите на Еурофарм Пелистер и Металург, а во квалификациите Бутел Скопје.

Веќе е направен списокот на најдобри одбрани и најдобри погодоци.

На листата на најдобри голови на врвот е Лукас Мертенс од тимот на Магдебург. Топ 5 погодоците можете да ги видите на следниот ЛИНК.

Најдобрата одбрана, пак, е за Јаник Грин, исто така од Магдебург. Топ 5 одбраните на завршниот турнир во Лигата на Европа можете да ги најдете на следниот ЛИНК.