Најтешко на најискусните: Георгиевски и Манасков за Македонија од трибините (ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија на натпреварот против Португалија беше без многу од ракометарите што играа на СП.

Меѓу тие што не се најдоа ниту на поширокиот список беа крилата на Вардар, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

Ако за десното крило Георгиевски се знаеше дека ќе се простува од националниот тим, за левото крило Манасков останува енигма зошто не се најде на списокот.

Тие двајца сепак беа на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ заедно со тренерот Владо Недановски и го следеа мечот со Португалија.

Македонија беше поразена со шест гола, 29-23 и сега останува да се бори за второто место во квалификациската група.