„Најдоброто од Македонија беше во Кометал ЃП, но тие не се развија во калибар на европски играчи“

Женскиот репрезентативен ракомет имаше брз успех во 90-тите поради натурализацијата, но по пензионирањето на тие ракометарки почнува да тоне и селекцијата.

Дали се погреши во таа насока, затаи ли фокусот од создавање на домашни играчи го прашавме тренерот на Кометал Ѓорче Петров и селекторот на женскиот А национален тим, Владимир Радиќ.

„Еуростандард и Еуролинк беа втора и трета екипа кои функционираа под капата на Кометал и кои се формираа на моја иницијатива. Идејата беше преку нив со квалитетна работа и услови да направиме наши играчи за да не купуваме од страна. Факт е дека дел од нив Боева, Бајрамовска, Меческа … напредуваа и беа дел од националниот тим долго време, но од друга страна постоеше и разлика во квалитет, но тоа е една сосем друга тема. Тие две екипи ги немаа истите подготвителни услови со пријателски натпревари и турнири како првиот тим и не можам да прецизирам дали работите зависеа од тренажниот процес или од нив самите, што не се развија во тој калибар на европски играчи. Низ квалификациите кои ги играа покажуваа некаков квалитет, но не на она ниво како Нацева, Чупиќ, Радуловиќ… Потврда дека постоел квалитет е таа една сезона кога го водев Еуростандард кога во полуфиналето на Купот на Македонија на три минути до крај имавме три гола разлика проти Кометал Ѓ.П., но девојките од радост дека може да победат се изгубија и го загубија и натпреварот. Сè што беше најдобро тогаш во Македонија беше во Кометал или во Еуростандард.“

Подолу прочитајте го интервјуто со Радиќ…

ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР РАДИЌ: Кометал Ѓорче Петров стана шампион на Европа со два комплета дресови!