Најдоброто од ЛШ на едно место – ТОП 10 голови и одбрани на сезоната (ВИДЕО)

Лигата на шампионите во минатата сезона заврши во знакот на каталонскиот гигант, Барселона, која ја одбрани титулата и стана старо-новиот шампион во европската елита.

Во сезоната која што заврши, во секое коло имаше атрактивни голови на играчите, но и одбрани на голманите, убави потези, атракции, а Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави најдобрите голови и одбрани за минатата сезона.

Најдобрите десет погодоци во минатата сезона во Лигата на шампионите беа дело на Мохамед Мамду, Микел Хансен, Кристијан Бјорнсен, Домагој Дувњак, Хампус Ване, Антонио Ареа, Јахија Омар, Игор Карачиќ, Тобиас Грондал и Лудович Фабрегас, кој го постигна голот за новиот трофеј на Барселона.

Кај голманите, најдобрата одбрана за минатата сезона ја има членот на Барселона, Перез де Варгас. Во Топ 10 одбрани имаше место и за Андреас Волф, Никлас Ландин, Себастијан Франдсен, Бенџамин Буриќ, Симон Гаде и Родриго Коралес.