Најдобрите фински играчи нема да играат против Македонија, селекторот останува уште две години

Селекторот на финската репрезентација Ола Линдгрен, нема да смета на двајцата најдобри играчи за дуелите против Македонија и Данска во квалификациите за Европското првенство.

Левото крило Тему Таминен и средниот бек Нико Ронберг, нема да играат на денешната средба, па Македонија сигурно ќе има полесна задача за триумф во Рихимаки.

Двајцата отсуствуваат поради семејни причини, а Ронберг на дуелите од финскиот плеј-оф заработил и повреда на стапалото.

Денеска селекторот Ола Линдгрен ја активираше клаузулата за продолжување на договорот за уште две години. Тој во 2019 година потпиша договор на 2+2, а денеска со федерацијата се договорија да бидат активирани и вторите две години.