Најдобрите натпревари во кариерата ги одигра против Македонија, сега стана претседател на федерацијата

По откажаниот настап на Мундијалот во Египет, во чешкиот ракомет се случи голем потрес. Селекторите Кубеш и Филип добија отказ, раководството на федерацијата се повлече и денеска беше избран нов претседател.

Играчката легенда Ондреј Здрахала, кој уште е активен на терените и настапува во катарскиот тим Ал Вакра, доби најмногу гласови и ќе биде прв човек на чешкиот ракомет во следните четири години. Покрај централниот бек, имаше уште двајца кандидати – Илона Хапкова и Јан Шнајдер.

Во вториот круг останаа Здрахала и Шнајдер, кој доби 75 гласови наспроти 63 на противкандидатот. Македонската јавност го памети добро овој чешки ракометари по одличните настапи во дресот на националниот јавност против нашата селекција во безброј меѓусебни дуели.

Претходниот претседател на федерацијата Јарослав Чвални, како и двајца членови на Управниот Одбор, меѓу кои и директорот на репрезентацијата Даниел Чурда, поднесоа оставки на функциите што досега ги извршуваа по откажаниот настап на СП поради големиот број позитивни случаи на коронавирус.

Во исто време чешкиот национален тим игра квалификации за Европското првенство и Здрахала не му беше на располагање на селекторот Растислав Тртик, но и без него Чешка славеше против Фарски Острови и сега во победничка атмосфера ќе ја пречека Русија, од која во првиот меч загуби минимално.