Најдобрата украинска ракометарка ја заврши кариерата на 27 години!

Една од најдобрите ракометарки од француски Мец и украинска репрезентативка, Олга Передери поради проблеми со десното колено мораше да ја заврши својата кариера.

Информацијата за нејзиното предвремено заминување беше соопштена од раководството на францускиот клуб. Таа стави крај на кариерата на 27 години.

Интернационалката од Украина во Мец настапуваше од 2019 година, а претходно го носеше дресот на Крим, Јувента Михаловце и Ростов Дон. Своите почетоци во својата кариера ги имаше во двата украински клубови, Мотор Запорожје и Карпати.

За новата сезона која започнува наскоро, Мец нема да купува нов пикер бидејќи буџетот е намален. Клубот шанса ќе им даде на домашните ракометарки и ќе се насочи кон добро претставување во Лигата на шампионите.