Начевски и Николов со последна задача на ЕП – ќе го судат полуфиналето меѓу Данска и Шпанија!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за завршниот викенд на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои досга отсудија одлично на сите натпревари, се делегирани да го судат првиот полуфинален двобој меѓу Шпанија и Данска.

Овој натпревар се игра со почеток во 18:00 часот во „МВМ Арена“ во Будимпешта, а во второто полуфинале ќе играат Франција и Шведска од 20:30 часот.

Двобојот меѓу Франција и Шведска ќе го судат Словенците Давид Сок и Бојан Лах

Финалето што ќе се игра в недела од 18:00 часот им е доделено на германската судиска двојка Роберт Шулце и Тобијас Тониес.